EnigmaLearn
Logo EnigmaLearn
За нас

За нас

ЕНИГМА е хуманистичко движење и иницијатива што обединува различни области во еден сеопфатен и општествено ориентиран екосистем. Нашата цел е да создадеме платформи, дигитални алатки и активности кои се фокусирани на едукација, хуманитарна поддршка, личен развој и на поттикнување самостојно творештво и објавување со етички и транспарентни стандарди.

Оваа платформа „Хуманистичка школа“ е една од тие области. Се работи за независна и неформална едукативна иницијатива каде самостојното учење и истражување се главните двигатели.

За сите оние кои не можат да придонесат во оваа хумана иницијатива, а сепак имаат интерес за некој од курсевите, можат да ги разгледаат основните бесплатни воведни верзии кои се на нашата EnigmaFree страница.

Како почит за вашиот интерес и безусловна поддршка, секој кој поддржува со препорачаниот придонес добива сертификат кој е верификуван на платформата EnigmaVerify и потврда за поминатиот курс. За повеќе информации слободно исконтактирајте со нас преку нашата е-пошта или социјалните мрежи.